Приватните автобуски превозници продолжуваат со блокадите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Приватните автобуски превозници на „Слобода превоз” и „Макекспрес” и денеска протестираат со блокади на три важни сообраќајни точки во Скопје. Тие очекуваат решение за нивните барања, односно да се подмири или евентуално да се почне подмирувањето на долгот што Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие го има кон нив.

Во однос на вчерашната изјава на телевизиско гостување на министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, дека Владата има инструменти за отстранување на блокадите од страна на приватните превозници во Скопје, директорот на Слобода превоз, Ленин Јовановски, во изјава за МИА рече дека протестите се законски најавени и дека ако мислат дека нешто е погрешно и можат да направат нешто, тоа нека го направат.

– Ако некој мотивира насилство во демократска држава каде што протестите се уставно загарантирано право, тогаш тоа треба да загрижи многу фактори во и надвор држава – изјави Јовановски за МИА.

Share This Article