Притворен ресенчанец за силување шестгодишно девојче

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство – Битола нареди спроведување истражна постапка против жител на Ресен, против кого е поднесена пријава за кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“, согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.

„Постои основано сомнение дека пријавениот на 2 јуни во Ресен извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со кое бил сосед. Тој притоа искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот заедно си играле“ – се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој би можел да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и врз оштетеното дете или да го повтори делото. Судијата го прифатил предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Share This Article