Притвор за еден од узурпаторите на земјиштето кај поликлиниката „Бит Пазар“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Судијата на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од 8 дена на еден од двајцата осомничени за узурпирање на земјиштето кај поликлиника „Бит Пазар“, а на лицето кое го управувало багерот му определи мерки на претпазливост, откако Јавен обвинител синоќа до Основниот кривичен суд достави предлог за определување мерка притвор за двете лица.

Обвинителството синоќа поведе постапка против нив  за кривично дело – узурпација на недвижности согласно Кривичниот законик.

Како што е соопштено, двајцата осомничени, на возраст од 45 и 42 години, на особено дрзок начин, со багер урнале дел од оградата на поликлиниката „Бит Пазар“ и почнале да го рамнат и тампонираат земјиштето, кое не било во нивна сопственост, со намера да го претворат во паркинг, иако за тоа немале соодветна дозвола од општината.

„Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор оценувајќи дека во конкретниот случај постои опасност осомничените да го повторат делото, бидејќи кривично-правните дејствија ги презеле преку исклучителен волунтаризам и самоволие, со нарушување на имотот на објект кој е во општа употреба. Двајцата манифестирале огромна упорност за реализирање на својот потфат и за само два часа успеале да ја урнат оградата и бетонските столбови со цел да овозможат пристап на градежна механизација на локацијата, започнале да носат камиони со тампон и истуриле огромно количество песок за да го тампонираат просторот. Во ноќни услови, на особено фреквентно место од градот, со своите ископувања стигнале до ѕидовите на болницата, при што го загрозиле пристапот до болницата и спроводот на пациентите во итни случаи“, се наведува во соопштението.

Според Обвинитлството, намерата на осомничените била во најкраток можен период за време на викендот да го заокружат криминалниот потфат со ставање сопствена рампа со која во иднина би го узурпирале просторот и би профитирале од наплата на паркинг без дозвола.

„Ова за обвинителството укажува дека тенденцијата на осомничените била и понатаму да се занимаваат со казниви дејствија што го оправдува стравот дека постои опасност тие да го повторат кривичното дело“, се вели во соопштението.

Share This Article