Притвор за 25-годишникот од Виничани што прегази сожител по расправија за водоводна цевка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

25-годишното момче од село Виничани, велешко, кое пред два дена прегази друг жител од селото по расправија за водоводна цевка во селото, ќе биде притворен под обвинение за убиство со умисла.

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишникот од Виничани за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, на 19 јули годинава настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата, по што осомничениот заминал дома, го зел автомобилот „фиат панда“, сопственост на неговиот татко и со многу голема брзина се упатил директно кон оштетениот, намерно удирајќи го со возилото.

При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата, здобивајќи се со многу тешки телесни повреди од кои починал на лице место.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело.

Share This Article