Притвор за 22-годишен скопјанец обвинет за пет тешки кражби

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишен скопјанец С.А. за кого постои основано сомнение дека сторил пет тешки кражби во неколку цркви на подрачјето на Скопје.

„На 20.07.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишија од слобода С.А., со што се расчистени 5 кривични дела кои тој ги извршил, и тоа една тешка кражба во црква на подрачјето на Гази Баба, две тешки кражби во цркви на подрачјето на Аеродром, една тешка кражба во црква во нас. Бутел на подрачјето на Чаир и една кражба во црква во нас. Ѓорче Петров.

Тој е приведен во полициска станица Гази Баба и при извршен службен разговор С.А. го појаснил начинот на извршување на кривичните дела. Во консултација со јавен обвинител од страна на Единицата за внатрешни работи Гази Баба во текот на денешниот ден (21.07.2023) е поднесена соодветна пријава по брза постапка и лицето е изведено пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор“, соопшти МВР.

Осомничениот, во периодот од 19 јуни до 16 јули 2023 година извршил неколку кражби во верски објекти – цркви, одземајќи парични средства од црковните каси. Насилно отворајќи ги касите на црквите „Св.Стефан”, „Св.Апостоли Петар и Павле”, „Раѓање на Свети Јован Крстител”, „Св. Јован Крстител” и „Св.Архангел Михаил“ во Скопје, осомничениот одзел вкупно 96 илјади денари со намера противправно да ги присвои.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави прeдлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, информираат од Јавното обвинителство.

Share This Article