Пристигнал „пијан како летва“, паднал врз гробот на покојникот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Неименуван свештеник на парохијата Св. Максимилијан Колбе предизвика сериозен скандал во Гдањск, во текот на минатата недела, при неговото служење на литургија за починато лице.

На погребот свештеникот пристигнал прилично пијан, а секој што стоел во неговата непосредна близина можел да помириса дека тој пиел.

Останатите забележале дека нешто не е во ред со него бидејќи постојано се нишал и мрморел, а откако конечно се струполил на гробот на покојникот, ожалостените го зеле под мишки и го тргнале од гробиштата.

Неутешното семејство го пријавило свештеникот, а кога видеото стигнало до полските медиуми, пречесниот Мациеј Квициен, портпарол на архиепископијата во Гдањск, изјавил дека свештеникот е отстранет од пастирска грижа и испратен на лекување.

Share This Article