Пристигна воен конвој со новите возила на Армијата – лесните оклопни возила JLTV Oshkosh, кои се од американско производство, информираше Министерството за одбрана.
„Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица. Проектот ‘Набавка на лесни оклопни возила на тркала’ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД, а досега се пристигнати 32 возила од овој тип“, наведено е во соопштението.