Пристапните преговори ќе ни донесат уште европски пари, ветува комесарот за економија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европската унија обезбедила макрофинансиска помош за Северна Македонија од 100 милиони евра, рекол еврокомесарот за економија Паоло Џентолини, на средбата со премиерот Димитар Ковачевски, кој учествува на Виенскиот економски форум, соопшти Владата.

„Процесот на пристапни преговори ќе значи и зголемена финансиска поддршка за Северна Македонија”, истакнал на средбата еврокомесарот за економија Џентолини.

Премиерот Ковачевски и еврокомесарот Џентолини разменилие ставови во врска со реализацијата на приоритетните проекти на Северна Македонија во рамки на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан. Двајцата соговорници истакнале дека тоа ќе значи стимул за економски раст со фокус на инфраструктура, дигитализација, енергетско и транспортно поврзување на Северна Македонија, како и на другите земји од регионот.

„По оваа нова геостратешка динамика што ја имаме во Европа, клучниот збор е интеграцијата, не само во ЕУ туку и во НАТО. Затоа интеграцијата мора да се случува во политичкиот дел, но и во економскиот дел. И затоа ние цврсто го поддржавме и го побаравме Планот за раст на Западен Балкан од претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, бидејќи тој се потпира и лежи врз придобивките на интеграцијата“, истакнал премиерот Ковачевски во обраќањето на панел- сесијата „Градење економска соработка во тешки времиња“, каде учествува заедно со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти, на Бугарија Николај Денков, како и министерот за економија на Молдавија, Думитру Алаиба.

– Една работа е сигурна. По оваа нова геостратешка динамика што ја имаме во Европа, клучниот збор е интеграцијата, не само во ЕУ туку и во НАТО, затоа што веројатно две од најразвиените земји во Европа, Шведска и Финска, сега сакаат да се приклучат на НАТО. Една од нив е веќе членка а една е во процес на ратификација. Истото важи и за ЕУ. Се докажа дека Европската Унија не може да има две граници, тоа не е одржливо, а во моментов имаме надворешна граница на ЕУ и имаме внатрешна граница којашто е токму во земјите од Западен Балкан – реkol Ковачевски.

Премиерот нагласил дека Северна Македонија во изминативе две години во време на криза постигнала многу релевантни работи особено во делот на зацврстувањето со односите со ЕУ.

-Ние го надградивме сето тоа врз членството во НАТО, така што во 2016 година странските директни инвестиции во земјата беа околу 350 милиони евра во најголемата кризна година, a во 2022 странски директни инвестиции беа околу 760 милиони евра, што е двојно повеќе – рекол Ковачевски.

Share This Article