Пристанишните работници не даваат контејнерот да се натовари на брод

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Десетици членови на грчкиот синдикат на пристанишни работници го блокираа товарењето на контејнери со муниција наменети за Израел во пристаништето Пиреја, во знак на протест против војната во Газа, изјавија денеска за Ројтерс претставници на крајбрежната стража и синдикатот.

Контејнерот, кој пристигна во Пиреја, главното пристаниште на градот Атина и Грција, содржеше 21 тон муниција, изјави еден од синдикалците за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен.

Товарот бил транспортиран со камион од Македонија и требало да биде натоварен на брод со знаме на Маршалските Острови, кој пловел за Израел.

 

 

Пред инцидентот, синдикатот на пристанишните работници ги повика членовите да протестираат и да ја блокираат испораката на оружје и муниција наменети за израелската војна во Газа.

„Дојде моментот гласно да кажеме дека нема да дозволиме пристаништето Пиреја да стане отскочна даска за војна. Се бориме за мир… не за учество на Грција во војната!“, се наведува во соопштението на синдикатот објавено на Фејсбук.

 

 

- Advertisement -
Ad image

Товарниот камион, кој имал важечка транспортна дозвола, бил задржан од пристанишните власти и покрената е истрага за инцидентот, јавува Ројтерс.

По лидерот на синдикатот е издаден налог за апсење, изјави претставник на крајбрежната стража.

Грција го поддржа правото на Израел да се брани по минатогодишниот напад на палестинските милитанти од Газа, но повика на итен прекин на огнот по израелската копнена офанзива врз палестинската енклава за да се стави крај на, како што рече, „незамисливата хуманитарна катастрофа“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article