Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш не сакал да учествува во доделување на медали на женски војници за 8 март при неговата посета на Киев, објави Вашингтон пост. Весникот се повикува на американското прислушување на Гутереш кое беше разоткриено во протечените документи на Пентагон.
Се вели дека Зеленски го изненадил Гутереш со оваа непланирана церемонија, па шефот на ОН почнал да прави безизразно лице и наместо да ги одликува само се ракувал со жените војници. Тоа се гледа и на снимката од настанот. Во прислушуван разговор Гутереш му се пожалил на неговиот портпарол дека е лут поради изненадувањето.
Снимката може да се види овде.
Во американскиот документ кој протече се вели дека Гутереш подоцна нагласил дека сакал да не се смее цело време.
Дека Гутереш бил непријатно изненаден за Вашингтон пост потврди и неговиот портпарол Стефан Дујарик. На такво одликување војници Гутереш претходно се немал согласено, вели Дујарик.
Пред една недела, протечените документи од Пентагон сугерираа дека Гутереш бил на страната на Русија во преговорите за договорот за жито во јули месец.
САД го прислушувале Гутереш.
Друг документ, кој датира од средината на февруари, го опишува разговорот помеѓу Гутереш и неговата заменичка Амина Мохамед. Во него, Гутереш изразува „зачуденост“ од повикот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен до Европа да произведе повеќе оружје и муниција поради војната во Украина.
Портпаролот на Гутереш, Дујарик го коментираше извештајот на Би-Би-Си, наведувајќи дека Гутереш „не бил изненаден од фактот што луѓето го шпионираат и ги слушаат неговите приватни разговори“.
– Она што изненадува е злоупотребата или неспособноста што дозволува таквите приватни разговори да бидат искривени и да станат јавни – додаде тој.