More

    Приштина сака во ЕУ, Белград бара да се распоредат 1.000 српски војници

    spot_img

    Ветераните на Ослободителната војска на Косово (ОВК) остро реагираа на најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија ќе побара распоредување на припадници на српски трупи во северно Косово.

    – Ако тоа се случи, ќе има војна – велат ветераните.

    Српскиот претседател вчера соопшти дека објасни дека Белград ќе испрати барање до командантот на КФОР да обезбеди распоредување на припадници на српската војска и полиција на северот на Косово, повикувајќи се на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Вучиќ прецизираше дека досега немало разговори со КФОР за враќање на српскиот персонал.

    – Немам илузии, а знам дека ќе го одбијат тоа барање. КФОР е должен да го одобри. Тоа не е можност, туку обврска за КФОР. Ќе најдат безброј причини, иако немаат право на тоа, да кажат дека ја „контролираат ситуацијата“ и дека „нема потреба од тоа – појасни Вучиќ.

    Косовскиот премиер Аљбин Курти синоќа изјави дека Приштина не сака конфликт, но дека на „агресијата“ ќе одговори со сета сила што ја има.

    Претседателот на Организацијата на ветераните на ОВК, Фатон Клинаку, вели дека ако се вратат 1.000 припадници на српските безбедносни сили на Косово, војната е „неизбежна“.

    Се очекува безбедносната ситуација да се влоши по предвидувањата на Белград дека Приштина на 15 декември ќе поднесе барање за членство во Европската унија, што, според Вучиќ, е „директно уривање“ на Вашингтонскиот договор.

    Тој на прес-конференцијата соопшти дека испратил писмо до претседателите и до премиерите на петте земји од Европската унија кои не го признаа независното Косово – Кипар, Грција, Романија, Словачка и на Шпанија – бидејќи само суверени независни држави можат да аплицираат за членство во ЕУ.

    Од 17 декември во Белград треба да бидат претставници на Германија, Франција, на САД и на ЕУ, кога се очекува засилен политички притисок врз Србија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img