Приштина отфрли конструктивен предлог

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, во Брисел изјави дека ЕУ жали поради одбивањето на Приштина да го прифати договорот за учество на граѓаните од српска националност на Косово на изборите за парламентот и за претседател на Србија на 3 април, јави дописникот на МИА од Белград.

-Го почитуваме конструктивниот пристап на Србија во барањето решение и жалиме што не беше постигнат договор, откако Приштина го отфрли конструктивниот предлог на земјите од Квинта – изјави Петер Стано.

Портпаролот на ЕУ нагласи дека одлуката на Приштина е „спротивна на заложбите на Косово на нејзиниот европски пат и спротивна на принципот за заштита на правата на граѓаните, вклучително и на правата на малцинските заедници“.

Стано објасни дека ЕУ дејствувала како посредник во контактите на највисоко ниво со цел да се изнајдат практични решенија засновани на аналогија со практиката на гласање на претходните избори, но дека овие напори не успеале.

-Очекуваме Србија и Косово да се воздржат од изјави и потези кои ќе ги зголемат тензиите, да се однесуваат одговорно и да се вклучат во преговорите во рамки на дијалогот со посредство на ЕУ – изјави Стано, додавајќи дека во овој момент не може да каже кога ќе има нова средба меѓу Белград и Приштина на највисоко политичко ниво.

Share This Article