More

    Припадник на Хамас сакал да му го пресече грлото на мигрант од Тајланд

    spot_img

    Мигрантот од Тајланд, Витават Кунвонг (30) на новинарот на Си-Ен-Ен му ги покажал раните на вратот што му останале од тепачката со еден од палестинските екстремисти, додека тој работел на фарма за пилиња во јужен Израел кога Хамас изврши инвазија на 7 октомври.

    Тој рече дека раните биле болен потсетник на стравот и траумата што ги доживеал тој ден за време на ненадејниот напад на Хамас.

    Фармата каде што работел се наоѓа во кибуцот Холит, земјоделска заедница во близина на границата со Појасот Газа.

    Кунвонг изјави за Си-Ен-Ен дека тој кобен ден снимал во живо на фармата кога слушнал силни експлозии и густ црн чад како се издигаат на небото додека ракетите му летале над главата.

    Тој рече дека се криел таму со часови додека не го пронашол Палестинец облечен во цивилна облека, кој го нападнал и се обидел да му го пресече грлото со кујнски нож бидејќи Кунвонг „одбил да се предаде“.

    Следувала жестока борба за неговиот живот, по што Кунвонг паднал, а Палестинецот го оставил како мртов бидејќи од неговиот врат се излевала крв.

    Други работници мигранти на фармата потоа го нашле Кунвонг и му помогнале, а тој за чудо преживеал бидејќи ножот со кој бил нападнат бил тап и скршен.

    – Тој (напаѓачот) не можеше да ја заврши работата. Овие рани сè уште ме болат, но чувствувам поголема болка внатре – изјави Кунвонг за американската телевизија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img