Припадник на бугарската „Гранична полиција” е застрелан во заедничка полициско-воена патрола на границата меѓу Бугарија и Турција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Припадник на бугарската „Гранична полиција” е застрелан во заедничка полициско-воена патрола на границата меѓу Бугарија и Турција, во атарот на селото Голем Дервент, јави БНР, пренесе дописникот на МИА од Софија.

Граничниот полицаец починал на лице место, а војникот се повлекол и не е повреден.

На подрачјето на инцидентот веднаш биле испратени дополнителни патроли, но во близина не биле пронајдени илегални мигранти.

По инцидентот бил одржан состанок со турските гранични власти бидејќи се претпоставува дека сторителот бил на територијата на Турција.

Бугарските и турските гранични власти веднаш оствариле средба во Контакт центарот до „Капетан Андреево”, која имала за цел да се открие и приведе сторителот.

Последниве месеци во Голем Дервент се забележани зголемен број мигранти, а протокот е зголемен, поради што во целата област се засилени патролите.

На местото на несреќата веднаш замина техничкиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев.

Share This Article