Вторпат во последните 18 години, откако Чешка е членка, земјата го презеде кормилото на ЕУ. Нејзини приоритет ќе бидат Украина и нејзината обнова, мигрантите, енергетската криза, зајакнувањето на одбраната во самата Унија и економските предизвици. Што значи тоа за прашањето Софија-Скопје?
Чешка ќе претседателствува под слоганот „Европа како задача: преглед, обнова, зајакнување“. По шест месеци, односно до крајот на годинава, претседателствувањето Чешка ќе ѝ го предаде на Шведска.
Се смета дека Чешка ќе ја поддржи Унијата во напорите да го зачува територијалниот интегритет од напливот на мигранти, искористувајќи ги сите можни инструменти на ЕУ. Ќе се работи и на обезбедување на средства на бегалците од Украина, кои дојдова во западноевропските земји.
Чешка ќе ја поддржи Унијата и во санкциите за руската нафта и гас, односно кон наоѓање на нови и различни извори на енергенси. Тука предизвик ќе бидат мерките како зимава да се намали шокот од високите цени на струјата.
Во однос на повоената обнова на Унијата, која е под закана од Русија, на веб-страницата на чешкото претседателство пишува дека „ќе се работи на клучната инфраструктура“.