Од МВР информираа дека е приведен е 37-годишен битолчанец со иницијали Д.О. поради посредување во вршење проституција.
Како што информираа од полицијата, мажот во период од две години сѐ до минатата недела, на 20-годишна девојка од Битола ѝ договарал клиенти и локации во градот за одреден паричен надомест.
Повремено, како што велат од МВР, и тој присуствувал на местото каде девојката имала сексуални односи за пари.
По преземени мерки и активности, тој бил приведен и му е поднесена пријавата.