Принцот Вилијам се допишувал со оваа планетарно позната ѕвезд

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бритни Спирс е позната како поп принцезата, но речиси никој не знае дека таа за малку ќе се нашла на местото на Кејт Мидлтон.

Имено, во времето на нејзината најголема слава, Бритни имала онлајн романса со идниот наследник на британскиот трон, принцот Вилијам. Бритни во емисијата на Френк Скинер во 2002 година открила дека разменувала мејлови со Вилијам, па дури и го поканила да излезат додека била на турнеја во Велика Британија.

Во тоа време, таа била на врвот на топ-листите со хитовите „Baby One More Time“ и „Oops! I Did It Again“.

– Извесен период се допишувавме преку електронска пошта и требаше лично да се сретнеме, но тоа не се случи – рекла тогаш 20-годишната Бритни и потврдила дека Вилијам не се појавил на договорениот датум.

Таа признала и дека нема поим зошто принцот се предомислил, а потоа британските таблоиди напишале дека наместо да оди на состанок, тој отишол на лов на лисици. Гласините за нивната онлајн романса ги исполнуваа колумните во весниците со месеци пред нејзиното интервју, но Бакингемската палата цврсто ги демантираше.

Минатиот септември, кралскиот биограф Кристофер Андерсен откри уште повеќе детали за нивната романса.

– Вилијам и Бритни се обидуваа да се сретнат кога беа млади. Многупати разговарале на телефон, но не се сеќавам дека во тој период лично се виделе – напишал Андерсен во својата книга „Браќа и сопруги: приватните животи на Вилијам, Кејт, Хари и Меган“.

Во 2003 година, Вилијам почнал да се гледа со својата сегашна сопруга Кејт Мидлтон, а Бритни во тоа штотуку ја прекинала врската со Џастин Тимберлејк. Таа потоа накратко била во брак со симпатијата од детството Џејсон Ален Александар, а потоа се омажила за Кевин Федерлајн, со кој доби два сина, но и нивниот брак заврши со развод.

- Advertisement -
Ad image

Таа годинава по третпат застана пред олтарот со моделот и танчар Сем Ашгари, со кој е во врска од 2016 година.

 

Share This Article