Маркетиншката агенцијата „Рибут“ втора година по ред го прогласи принцот Вилијам за најзгоден ќелав маж на светот.
Списокот наводно се заснова на пребарувања на Гугл на ќелави мажи со зборот „секси“. „Дејли мејл“ пишува дека неодамнешните настапи на Вилијам во Јужна Африка предизвикале зголемен број на прашања од обожавателките за него. Листата е составена врз основа на неколку различни фактори, вклучувајќи го сјајот на нивната глава, златниот рез на лицето, висината и насмевката. Вилијам доби речиси совршен резултат, односно 9,9 поени од можни 10.
Ова не е првпат принцот Вилијам да се најде на врвот на оваа листа. Тој исто така заврши на првото место во 2021 година. Една година подоцна беше на второто место, а минатата година ја врати титулата.
Принцот Вилијам неодамна го промени имиџот. Тој уште во август покажа дека се откажува од својот избричен изглед, но многу обожаватели не очекуваа дека ќе пушти брада.
На социјалната мрежа Икс се поведе дебата поради ова. Додека на некои луѓе им се допаѓа брадата, други не се толку воодушевени.
„Те молам кажи ми дека е фотошоп?“, „Изгледа како бездомник“, „Можам со сигурност да кажам дека брадата мора да остане“, „Ми се допаѓа брадата на Вилијам“, „Ми се допаѓа брадата, но ми се чини дека многумина не, но ако нему му се допаѓа, тогаш и треба да ја носи“, напишаа луѓето на социјалната мрежа.
Второто место го зазеде актерот Двејн Џонсон, попознат како „Карпата“. Минатата година беше седми на листата со оценка 8,9. Потоа доаѓа американската кошаркарска ѕвезда Шекил О’Нил.
Американскиот професионален сурфер Кели Слејтер го зазеде четвртото место. Актерите Тери Круз и 79-годишниот Дени Девито ги зазедоа петтото и шестото место. Потоа следуваат актерот Семјуел Л Џексон, францускиот фудбалски тренер Тиери Анри и американскиот актер Стенли Тучи. На десеттото место е актерот Вин Дизел.