Принцот Луис (4) можеби нема да биде виден на свечената церемонија поради неговото однесување на минатите настани, изјави извор од палатата за „Пејџ сикс“.
Додадено е дека принцот сепак, има само четири години. Меѓутоа, неговата постара сестра, принцезата Шарлот (7) ќе присуствува.
Што се однесува до принцот Џорџ (9), тој е наведен како почесен паж на монархот во официјалната покана. Официјален портпарол на палатата Кенсингтон изјави дека допрва треба да се донесе одлука за присуството на најмладиот член.
– Принцот и принцезата од Велс ќе донесат одлука кога ќе дојде време – изјави тој.
Луис се најде на насловните страници во јуни 2022 година поради палавоста и смешните изрази на лицето што ги направи на балконот на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.
Не само што младиот кралски член ги покриваше ушите и врескаше за време на церемонијата, туку и го извади јазикот на својата мајка на церемонијата три дена подоцна.
Вујкото на Луис, Мајк Тиндал, рече тогаш дека за неговите лудории е виновен„порастот на шеќерот“, велејќи им на слушателите на подкастот „The Good, the Bad & the Rugby“ дека неговиот внук изел „многу слатки“.
Луис не е единствениот член на кралското семејство чие присуство на настанот следниот месец е сè уште неизвесно.
Додека портпаролот на принцот Хари (38) и Меган Маркл (41) минатиот месец потврди дека парот од Калифорнија бил поканет, тие сè уште јавно не ја прифатиле или одбиле понудата.