More

    Принцот Хари стана побогат за 8,5 милиони долари

    spot_img

    Принцот Хари изјави дека е возбуден што наполни 40 години, но неговата позитивност е во спротивност со негативното мислење кое за него преовладува во домот и заладените семејни врски. Помладиот син на кралот Чарлс Трети, сега живее во Калифорнија со сопругата, американската телевизиска актерка Меган Маркл и нивните две деца.

    Војводата и војвотката од Сасекс, петгодишниот принц Арчи и тригодишната принцеза Лилибет живеат во славната енклава Монтесито, во близина на Санта Барбара, на западниот брег на САД.

    – Бев загрижен кога полнев 30 години, возбуден сум за 40. Да се ​​биде татко е една од најголемите радости во животот и само ме мотивираше да го направам овој свет подобро место – изјави тој неодамна за Би-Би-Си, додавајќи дека тоа што станал татко му дал „свежа перспектива на животот“.

    Хари конечно ќе добие големо наследство. На неговата сметка ќе легнат дури 8,5 милиони долари од кралскиот фонд. Станува збор за фонд основан од неговата покојна прабаба, мајка на кралицата Елизабета Втора. Таа почина во 2002 година, а пред нејзината смрт основаше фондација за своето семејство вредна 90 милиони долари. Еден од условите беше Хари да го добие својот дел кога ќе наполни 40 години.

    Сепак, Хари е сè уште изолиран од кралското семејство и се чини дека има мали шанси да се врати кај нив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img