Принцот Хари се „фалел“ колку Талибанци убил, лут министерот за одбрана

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
This picture taken on November 3, 2012 shows Britain's Prince Harry (R) running out of the VHR (very high ready-ness) tent to scramble his Apache with fellow Pilots at the British controlled flight-line at Camp Bastion in Afghanistan's Helmand Province, where he was serving as an Apache Helicopter Pilot/Gunner with 662 Sqd Army Air Corps. Britain's Prince Harry confirmed he killed Taliban fighters during his stint as a helicopter gunner in Afghanistan, it can be reported after he completed his tour of duty on January 21, 2013. AFP PHOTO / POOL / JOHN STILLWELL (Photo by JOHN STILLWELL / POOL / AFP)

Британскиот министер за одбрана Бен Валас го обвини принцот Хари дека „се фалел дека убил 25 талибански војници додека служел во британската армија во Авганистан и на тој начин ги разочарал своите поранешни колеги“.

Во своите мемоари под наслов „Спер“, принцот Хари го опишал и времето кога бил дел од екипажот на хеликоптерот „Апачи“ во Авганистан, објави Тајмс.

Тој напиша дека „во ерата на апачите и лаптопите, беше лесно да се одреди точно колку непријателски борци убил“.

„И ми се чинеше суштинско да не се плашам од таа бројка, бидејќи мојот број е 25, и тоа не е нешто што ме исполнува со задоволство, но и не ме срами“, рекол Хари.

Во книгата подоцна признал дека ги обезчовечил оние што ги убивал во битка, бидејќи бил „потопен во жештината и конфузијата на битката, па споменатите 25 талибанци не ги мислел како луѓе“.

„Тие беа шаховски фигури отстранети од таблата – лошите момци беа елиминирани пред да можат да ги убијат добрите момци“, изјави Хари.

Од друга страна, британскиот министер за одбрана Валас беше офицер во Шкотската гарда и служеше во Северна Ирска, Германија, Кипар и Централна Америка во текот на 1990-тите.

Тој беше спомнат во депешата за инцидент во Северна Ирска во кој патрола со која командуваше зароби единица на ИРА додека се обидуваше да изврши бомбашки напад врз британските војници.

Кога Валас го прашале колку луѓе убил за време на вооружените сили, тој одговорил: „Тоа би требало да го прашате принцот Хари, бидејќи искрено мислам дека фалењето или зборувањето за бројки го искривува фактот дека војската е тимска игра“, рече Валас.

- Advertisement -
Ad image

Досега владата главно се воздржуваше од директни критики на принцот Хари поради неговите мемоари.

Share This Article