More

    Принцот Хари прв пат проговори за односот со кралот Чарлс

    spot_img

    Принцот Хари за првпат јавно проговори за својот татко, кралот Чарлс откако беше откриено дека британскиот монарх има рак. Во интервјуто во емисијата „Good Morning America“ Хари рече дека е благодарен што поминал време со својот татко откако беше објавено дека боледува од рак и навести дека болеста на неговиот татко ќе има ново влијание врз кралското семејство, пренесува „Daily Mail“.

    Тој се надева дека болеста на неговиот татко одново ќе го обедини разединетото кралско семејство и ќе „излекува“ раздорот меѓу нив.

    – Јас го сакам моето семејство. Благодарен сум за фактот што можев да отидам да го видам татко ми и да поминам време со него – рече принцот Хари.

    Со забелешка дека „болест во семејството може да биде поттик за обединување“ водителот го праша оттуѓениот принц дали е тоа можно и во овој случај.

    -Апсолутно. Да, сигурен сум. Во сите тие семејства го гледам тоа од ден во ден, повторно ја гледам силата на семејството што се обединува. Мислам дека секоја болест, секоја болест ги спојува семејствата – рече Хари.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img