Принцот Хари и Меган Маркл нема да им се придружат на другите од кралското семејство за Божиќ оваа година, бидејќи, наводно, не биле поканети на свеченостите.
Како што е соопштено, војводата и војвотката од Сасекс не добиле покана за кралскиот Божиќ во селото Сандрингем во англиската област Норфолк, пренесоа британските медиуми.
„Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се очекува да ги поминат празниците во Соединетите Држави. Тие не учествувале на семејна божиќна прослава од 2018 година. Таа година парот се венча“, објави списанието Marie Claire.
Се очекува двојката, со своите деца Арчи и Лилибет, да ги минат празниците во САД.