More

    Принцезата Шарлот наполни седум години – Фотографиите направени од нејзината мајка го воодушевија целиот свет

    spot_img

    Принцезата Шарлот наполни седум години, а во таа прилика нејзините родители принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, споделија со јавноста три нејзини неодоливи портрети. Семејството го прослави роденденот на принцезата во неделата, кога и ги објави фотографиите.

    Трите портрети биле снимени викендов во Норфолк, а и овој пат ги снимила мајката Кејт, која е вљубена во фотографијата. На фотографиите покрај малата принцеза позира и семејното милениче, кокер шпаниел Орел, која досега не е видена во јавноста.

    На сите фотографии принцезата славеничка се смее, опкружена со полски цвеќиња, облечена во син џемпер од кој ѕирка елегантна јака. Долгата коса ѝ паѓа преку рамениците.

    Ова е првпат од август минатата година војводата и војвотката од Кембриџ да споделат фотографија само од Шарлот, а секако ги воодушевиле сите обожаватели на кралското семејство. Минатото лето Кејт Мидлтон објави фотографии направени во Норфолк, на кои малата принцеза држи голема пеперутка.

    Кејт, која ги направила фотографиите, потоа напишала и дека поддржуваат голема иницијатива во нивната земја за важноста на овие прекрасни суштества.

    Малата принцеза, пак, имаше многу задачи оваа пролет – отиде на две многу свечени миси со својот постар брат принцот Џорџ, на почетокот на април за нивниот покоен прадедо Филип, а потоа и на традиционалната велигденска миса.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img