More

    Принцезата прегрнува млада девојка која има рак

    spot_img

    На официјалниот профил на Инстаграм на принцезата и принцот од Велс е објавена трогателна фотографија од Кејт Мидлтон. Принцезата се сретнала со фотографката Лиз Хатон (16), која се бори со редок тумор.

    Лиз, по потекло од Харогејт во Јоркшир, обожава фотографија, па добила лична покана од принцот Вилијам да учествува на инвеститурата, што ја одржал во Виндзор, пишува „Дејли мејл“. Лиз, исто така, била поканета заедно со нејзиното семејство да ги запознае Вилијам и Кејт приватно за да разговараат за борбата против ракот. Во текот на таа средба, Кејт ја прегрнала девојката.

    – Ми беше задоволство да ја запознаам Лиз во Виндзор денеска. Таа е талентирана млада фотографка чија креативност и сила нè инспирираа и двајцата. Ти благодарам што ги сподели своите фотографии и приказна со нас – гласи натписот во описот на фотографиите што ги споделија Кејт и Вилијам.

     

    Вилијам дознал за Лиз преку добротворната организација за воздушна амбуланта во Лондон, чиј покровител е тој.

    – Принцот дозна за Лиз преку добротворната организација за воздушна амбуланта во Лондон, чијшто покровител е тој, па по инвеститурата, принцот и принцезата од Велс приватно се сретнаа со Лиз и нејзиното семејство за да слушнат за нејзиниот ден и патување – изјавил кралскиот портпарол.

    Фотографиите направени од Лиз беа објавени на профилот на Инстаграм на кралската двојка.

    На Лиз ѝ бил дијагностициран дермопластичен тумор. Нејзината мајка рекла дека лекарите ѝ рекле дека и останале меѓу шест месеци и три години живот. По прегледот, лекарите откриле дека има тумори на јајчниците и црниот дроб.

    – Порано бев фокусирана на училишната работа. Сега целосно го прекинав школувањето. Ако ми преостануваат уште само три години живот, која е поентата? – рекла Лиз за Би-би-си.

    Поради тоа Лиз направила листа на желби во врска со искуства од фотографирањето. Почнала да се занимава со фотографија во шесто одделение кога заштедила за својот прв фотоапарат и оттогаш фотографирала војска, театарски претстави и телевизиски емисии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img