Принцезата од Велс на доделувањето на наградите БАФТА пристигна во прекрасна бела креација и успеа да засени многу холивудски ѕвезди во Кралската фестивалска сала во Лондон.
Кејт Мидлтон прошета на црвениот тепих во друштво на својот сопруг, принцот Вилијам, а парот беше одлично расположен.
Принцезата пристигна на доделувањето на наградите во лелеава бела креација на луксузната куќа Александар Меквин. Фустанот со едно рамо веќе беше виден на неа во 2019 година, а за оваа прилика беше малку променет – наместо цветни детали на рамото, сега има наметка која нежно паѓа. Дополнителна доза на гламур постигнала со црните ракавици на Корнелија Џејмс, а за детали избрала златни обетки од „Зара“. Принцезата избра чевли „Аквазура“, модел „Феникс“, додека чантата исто така беше од колекцијата на куќата „Александар Мекквин“.