More

    Принцезата од Дубаи која го остави сопругот преку Инстаграм, привлече внимание со новата фотографија

    spot_img

    Ќерката на владетелот на Дубаи, шеиката Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, која неодамна го напушти сопругот преку Инстаграм, објави нова фотографија на социјалната мрежа која го привлече вниманието на следбениците.

    Шеиката позираше со својата двомесечна ќерка в раце, а во описот остави емотикон – бело срце. За два дена фотографијата собра повеќе од 160.000 лајкови и многу коментари.

     

    „Горда сум на тебе и на твојата сила да го избереш она што е најдобро за тебе и за твојата ќерка“, „Силна жена“, „Сите жени на светот ти се благодарни што покажуваш таква сила“, „Не ти треба маж кога имаш толку љубов кон своето дете“, „Убава мајка“, се дел од коментарите.

    Потсетуваме дека Махра се разведе од нејзиниот сопруг Ман Ал Мактум преку Инстаграм.

    „Драг мажу, бидејќи си зафатен со други, вака го објавувам нашиот развод. Се разведувам од тебе. Чувај се. Твојата поранешна сопруга“, пишува во објавата.

    Двојката се откажа еден со друг на социјалните мрежи и двајцата ги отстранија сите објави на кои се појавуваат заедно од нивните профили. Тие се венчаа пред нешто повеќе од една година, во мај 2023 година, а во мај оваа година добија ќерка. За оваа објава сè уште никој официјално не проговорил – ниту „кралското“ семејство, ниту наводно напуштениот сопруг.

    Инаку, Махра е ќерка на Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетелот на Дубаи и премиер на Обединетите Арапски Емирати. Студирала во Обединетото Кралство и редовно се залага за правата на жените во нејзината земја. Нејзиниот сопруг, од друга страна, е познат по дружењето со озлогласениот Ендру Тејт, самопрогласен женомразец обвинет за трговија со луѓе и силување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img