Прилог на севернокорејската телевизија кој мора да го видите (ВИДЕО)

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Севернокорејската телевизија емитуваше прилог од тестирањето на нов тип интерконтинентална балистичка ракета, која Ким Џон Ун и неговата придружба беа претставени како суперхерои.

Споменатото лансирање ракета се случи во четвртокот, но државната телевизија за тоа објавила еден ден подоцна. Ова не е невообичаено во Северна Кореја, но извештајот што беше емитуван е невообичаен на многу начини.

Наместо извештај во кој говорникот ќе го прочита одобрениот текст, овој пат Ким е прикажан како Џејмс Бонд драматично гледа во часовникот, со бавни или брзи секвенци додека оди со официјални лица.

Инаку, проектилот лансиран од Северна Кореја е Хвасонг-17 (Hwasong-17), нова интерконтинентална балистичка ракета (ICBM).

Станува збор за ракета која за прв пат беше претставена на воената парада во 2020-та година, каде нејзината големина, која се опишува како колосална, ги изненади дури и искусните аналитичари.

Ова е прво лансирање на севернокорејски интерконтинентални балистички ракети од 2017 година, што е кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Податоците од летот сугерираат дека проектилот летал многу подалеку од кој било претходен тест, пред да се урне во морето западно од Јапонија.

Share This Article