More

    Приказната на човекот кој во мај се отру во Хрватска открива пропусти и во актуелниот скандал

    spot_img

    Огромни пропусти биле направени во случајот со труењето на маж во мај во Риека, кој испи газирана вода „Ромеркеле“ во која имало киселина, дознава Индекс, а иста таква вода испи маж минатиот викенд и предизвика скандал во Хрватска во кој 30-тина луѓе се пријавија со можни симптоми во болниците. Индекс пишува ги поврзува овие два случаи давајќи детали за нив велејќи дека тие случаи се досега единствени потврдени.

    Во  мај месец Станко Лаковиќ се здобил со хемиска повреда на хранопроводот. Индекс открива дека јавното обвинителство во Хрватска почнало истрага дури во октомври, откако тој се појавил во медиумите. Неговата сопруга изјавила дека веднаш по инцидентот повикала полиција, но дека полицијата веднаш не излегла на терен.

    Од полицијата за Индекс рекле дека навистина дејствувале во одреден момент по настанот, но потоа од непознати причини истрагата целосно сопрела иако биле известени повеќе институции.

    За Индекс е потврдено и дека шишето од кое голтка Лаковиќ, по што му изгорел хранопроводот, никогаш не било земено на анализа. А бидејќи никој не реагирал навреме, никој не знае каде завршило тоа шише. Не само што не е земен примерок од шишето од кое пиел Лаковиќ, туку и од таа серија шишиња воопшто.

    Инспекторатот се бранел дека поминало многу време од мај и дека немале целосни информации за случајот, освен што дознале за каков тип пијалок се работи од изјавите на оштетениот. Вработените во кафулето им рекле дека никој друг немал такви проблеми понатаму со истиот пијалок.

    Лаковиќ денеска мора еднаш неделно да оди на доктор за да му го прошируваат хранопроводот, вели шефот на Клиниката за внатрешни болести на КБЦ Загреб и поранешен министер Рајко Остојиќ.

    Интересно е и тоа што Лаковиќ во мај испил шише од водата „Ромеркеле“, истиот бренд со кој имаше труење минатиот викенд во Хрватска.

    Во врска со новиот случај, после кој 30-тина луѓе се појавија во болниците во Загреб, Риека и други градови сомневајќи се на симптоми за труење, беа објавени првични извештаи на Центарот за вештачење. Информациите се контрадикторни.

    Надлежните институции обзнанија дека киселоста, односно pH-вредноста на земените примероци од шишиња „Ромеркеле“ како и на самата течност во нив се во нормалните граници, а дека најверојатно проблем било само шишето од кое пиел мажот.

    Додека хрватскиот министер за здравство Вили Берош ја смируваше јавноста дека „ова можеби нема врска со „Кока Кола“, „Кока Кола Хрватска“ и корпорацијата „Фортенова“ повлекоа дел од своите производи од супермаркетите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img