More

    Приходите по 2026 година ќе им паѓаат побрзо од очекуваното

    spot_img

    Саудиска Арабија ќе го достигне врвот на приходите од нафта во 2026 година, кога тие ќе се зголемат на приближно 188,2 милијарди евра, така што тие ќе претставуваат околу 26% од саудискиот БДП, предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во последниот извештај.

    Според прогнозите, приходите од саудиската нафта од 2026 година постепено ќе се намалуваат за да достигнат околу 186,6 милијарди евра во 2029 година, што е за 4,1% помалку од претходните прогнози на ММФ.

    Според пресметките на ММФ, за да го балансира буџетот, на Саудиска Арабија и треба светските цени на нафтата да достигнат 96 долари, што е за 23 долари повеќе од сегашната цена на нафтата Брент.

    „Ако се земе предвид планираното трошење на државниот фонд на Саудиска Арабија, цената на нафтата во идеално сценарио би требало да изнесува дури 112 долари за барел“, се наведува во извештајот.

    ММФ предвидува дека производството на нафта во Саудиска Арабија ќе биде 9 милиони барели дневно (bpd) оваа година, што ќе се зголеми на 10,2 милиони барели дневно во 2026 година и 11 милиони барели дневно во 2029 година.

    Очекувањата на ММФ се дека просечната цена за извоз на саудиска нафта во 2024 година ќе биде 82,5 долари за барел и ќе падне на 70 долари за барел до крајот на деценијата.

    Проценката на Фондот е во корелација со најавата дека ОПЕК плус ќе го одложи зголемувањето а производството бидејќи цената на нафтата е под очекуваното, а и побарувачката е намалена.

    Во извештајот од август, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ја задржа својата проценка за растот на побарувачката на нафта во 2024 година на 970.000 барели дневно (bpd) и ја намали својата проценка за растот на побарувачката во 2025 година за 30.000 bpd на 950.000 bpd.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img