Приходите да се потрошат за купување оружје за Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90% од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

– Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот – изјави Шолц по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено.

Share This Article