More

    Пригожин: Вагнер ќе го напушти Бахмут до 1 јуни

    spot_img

    Руската паравоена група „Вагнер“ соопшти дека нејзините сили ќе се повлечат од Бахмут, град во источна Украина, од 25 мај до 1 јуни, а потоа ќе ги предадат своите позиции на редовната руска армија.

    „Поставени се одбранбени линии во западната периферија (на Бахмут). Така, групата Вагнер ќе го напушти градот меѓу 25 мај и 1 јуни“, изјави лидерот на таа паравоена група, Евгениј Пригожин.

    Тој во саботата рече дека неговите војници го зазеле Бахмут и дека ќе ја предадат контролата на руската армија на 25 мај.

    „Операцијата за заземање на Бахмут траеше 224 дена… Тука беше само Вагнер и немаше редовни трупи на руската армија“, рече во саботата Пригожин, кој е во отворен конфликт со воената хиерархија во Москва.

    Украинските власти не ја потврдија загубата на Бахмут.

    Украинскиот заменик министер за одбрана Гана Маљар во саботата изјави дека „украинските бранители продолжуваат да контролираат одредени индустриски објекти и инфраструктура и станбени згради, иако ситуацијата е критична“.

    Двете страни претрпеа големи загуби во Бахмут, град со околу 70.000 жители пред руската офанзива, кој сега е главно уништен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img