More

    Пригожин се закани па се најде на удар на колегите

    spot_img

    Основачот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, ѝ се заканува на владата во Москва дека ќе се повлече од борбите за освојување на град Бахмут, доколку трупите Вагнер не добијат доволно муниција.

    – Ако Вагнер сега се повлече од Бахмут, ќе се распадне целиот фронт. Ситуацијата нема да биде убава за сите воени формации кои ги штитат руските интереси – вели Пригожин во видео објавено на Телеграм.

    Видеото е објавено на канал кој шири вести на Пригожин и се поврзува со групата Вагнер. Пригожин тврди дека голем дел од муницијата која во февруари им била ветена на неговите трупи, сѐ уште не е испорачана.

    – Во моментов се обидуваме да откриеме што е причина за тоа – дали се работи за вообичаената бирократија или за предавство – вели Прогожин.

    Шефот на платениците на Вагнер редовно ги критикува генералите на врвот на руската армија и луѓето на високи позиции во руското Министерство за одбрана.

    Од друга страна, поранешниот агент на ФСБ и десничарски националист Игор Гиркин, на својот канал Телеграм објави дека Евгениј Пригожин е воен злосторник и повика веднаш да биде отстранет од раководството на Вагнер. Тој додаде дека Вагнер има мало влијание врз ситуацијата на бојното поле.

    Гиркин е еден од главните проруски сепаратисти во Украина и беше осуден пред неколку месеци за соборување на летот МХ17 во 2014 година.

    – Најавите на Пригожин дека фронтот ќе пропадне без Вагнер се пример за „бесрамна криминална самопромоција“ – тврди Стрелков.

    Стрелков понатаму наведува дека влијанието на Вагнер врз настаните на бојното поле всушност било прилично мало. Стрелков пишува дека политичките амбиции на Пригожин само му наштетиле на Вагнер. Освен тоа, Стрелков смета дека Пригожин е психички нестабилна личност и воен злосторник.

    Од украинска страна вчеравечер е соопштено дека руските трупи „не престануваат да го напаѓаат Бахмут и околните места“. Генералштабот на украинската армија, меѓутоа, не дава податоци за евентуално освојување или загуба на територија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img