Основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, се подготвува да ги намали операциите на неговата приватна армија во Украина, пишува Блумберг, повикувајќи се на добро информирани извори. Како една од клучните причини се наведуваат сè почестите недоразбирања и несогласувања меѓу руското воено раководство и Вагнер. „Платеникот на Путин го менува фокусот по местенките во Украина“, насловена е статијата.
Пригожин, наводно, се враќа на своите мисии во Африка, се додава во написот.
Претходно, тој апелираше до Москва за повеќе оружје во очи на можната украинска пролетна офанзивa, односно од намерите на Украина да ги отсече единиците на Вагнер од главните сили на руските вооружени сили“.
Познатиот финансиер и лидер на платениците денеска одговори на обвинувањата на Ентони Блинкен дека групацијата Вагнер сее „насилство и нестабилност“ во Африка. Пригожин рече дека забележал дека додека неговата група е „зафатена“ во Украина, САД и другите земји „активно се обидуваат да ја поделат африканската пита“ и да воведат санкции на сите што го попречуваат овој процес, пишува агенцијата Анадолија.
Пригожин исто така им понуди на Американците да финансираат заеднички проект за безбедност во Африка кој ќе го спроведен Вагнер бидејќи, според него, претходните обиди на САД „и нивните сателити“ да воведат ред на континентот „не доведоа до ништо“.
– Затоа, предлагам да ги поддржите напорите на Вагнер во обезбедувањето безбедност во Африка и да финансирате нов проект на Вагнер наречен Вагнер Безбедна Африка (ВБА), каде што можете да станете еден од инвеститорите на проектот и со тоа да ги зачувате ресурсите на американските даночни обврзници – рече тој.
фото: МИА