More

    Пригожин се уште преговара со властите, се врати ли во Русија?

    spot_img

    Според американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната (ISW).

    Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин во вторникот отиде во егзил во соседна Белорусија, откако Русија рече дека нема да се соочи со обвиненија за бунтот минатиот викенд.

    Белоруската мониторинг група „Проект Хајун“ ги наведе податоците за следење на летот од вторникот кои сугерираат дека авионот поврзан со Пригожин полетал од Белорусија до Москва, а потоа веднаш полетал за Санкт Петербург, објави Скај њуз.

    Игор Гиркин, истакнат руски воен блогер, тврди дека Пригожин се вратил во Русија за да разговара со високи функционери, но овие тврдења сè уште не се независно потврдени.

    Институтот за проучување на војната (ISW) рече дека овие континуирани шпекулации сугерираат дека страните можеби сè уште преговараат за деталите од договорот.

    „ИСВ не може самостојно да потврди дали Пригожин навистина се вратил во Русија или деталите за наводната посета, но Пригожин можеби се вратил накратко за да разработи дополнителни детали за договорот постигнат со посредство на белорускиот диктатор Александар Лукашенко“, се вели во последната објава.

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера ги раскажа деталите од разговорот со Путин и Пригожин, тврдејќи дека го убедил рускиот колега Владимир Путин да не ја „уништи“ групата Вагнер и нејзиниот шеф.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img