Силите под контрола на Евгениј Пригожин, шеф на приватната воена компанија „Вагнер“, пристигнаа на 500 километри од главниот град Москва, откако Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) поведе постапка против Пригожин за наводен бунт, соопшти Комитетот на Русија.
Шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин во својата последна порака му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин и му порача дека погрешил што го обвинува за предавство.
Тој рече дека Вагнерците немаат план да се предадат.
– Русите повеќе не сакаат земја со корупција, лаги и бирократија. Никој нема да се предаде на барање на претседателот… Не сакаме земјата да продолжи да живее во корупција и лаги – рече Пригожин.
Пригожин првпат зборуваше директно против Путин и рече дека е „длабоко во заблуда“.
Коментирајќи го телевизиското обраќање на рускиот претседател, Пригожин во аудио-снимка рече дека Путин „длабоко погрешил“ кога го нарекол предавник.