More

    Прифатени трите клучни аргументи на Николоски за пругата кон Бугарија

    spot_img

    Прифатени се трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски за изградбата на пругата кон Бугарија на вчерашниот состанок на делегациите од Македонија, Бугарија и Европската Унија, соопшти Министерството за транспорт. Договорено е еден изведувач да го гради железничкиот тунел меѓу Македонија и Бугарија, да се ревидира цената и проектот за третата делница и Бугарија да го заврши својот дел од пругата.

    „Трите клучни аргументи на министерот Николоски беа прифатени. Мора да има заеднички проект за тунелот, со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето, да се ревидира цената која е превисока како и ревидирање на самиот проект. По проценката на ризиците, изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија е поефикасно да биде од еден изведувач“, соопшти Министерството за транспорт.

    На состанокот, од македонската страна било истакнато дека Македонија не отстапува од железничкото поврзување и на овој проект се гледа како регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи.

    „Од двете страни беше прифатено целиот проект во делот фаза 3 (делница Крива Паланка – Деве Баир), да биде преиспитан од причина што сегашната цена е превисока и неразумна. Целта е цената да се намали. Двете делегации, исто така, се согласија да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници инфраструктура. Беше договорено двете земји да формираат работни групи, со цел да се подготви потребната документација за тунело“, информира Министерството за транспорт.

    За време на состанокот, се додава во соопштението, страните размениле информации, временска рамка за изградба, а споделиле и искуства за процедурите за идното функционирање на прекуграничниот тунел „Деве Баир“.

    Постигнатите договори ќе бидат презентираат пред одговорните финансиски институции на ЕУ.

    Извори од Владата денеска информираа дека за две недели во Скопје се очекува да бидат официјализирани заклучоците за пругата што вчера беа договорени во Софија. На дијалогот на високо ниво се прифатени се аргументите на Македонија и е заклучено  третата секција од Крива Паланка до граница да се измени. Бугарската страна ќе треба да го изгради делот од три километри од нивна страна, а тунелот ќе биде заеднички проектиран и тендериран. Од албанска страна до Драч сè уште нема проект.

    Според извори од Владата, со тоа ќе се добие целина од Бургас до Куманово и Скопје. За нас е важно да се вкрстат коридорите 8 и 10 кај нас и тоа ќе се случи.

    Има доцнење при изградбата на пругата која е поделена во три дела Куманово-Бељаковце, Бељаковце-Крива Паланка и Крива Паланка-граница. Ако втората секција не се заврши, не може да се пристапи на реализација на третиот дел.

    На втората делница досега се реализирани околу 20 отсто од работите. Една од причините за доцнењето е основата за сомневање за ангажираните подизведувачи, кои, како што посочуваат извори од Владата, не случајно се избрани.

    Втората делница треба да се заврши на крајот на 2026 година, но претпоставките се дека тоа ќе се случи многу подоцна. За доцнењето се плаќаат пенали, така што проектот ќе достигне цена до 200 милиони евра.

    Извори од Владата денеска иформираа и дека се бара партнер за модернизирање на пругата долж Вардарската долина, која би се користела за превоз на стока од пристаништата во Грција до Централна Европа.

    Модернизирањето на пругата би било со финансирање со долг грејс период без обврска да се плаќаат камати во тој период, за што би се потпишал заем, но тоа нема да биде од Кина, Русија или Унгарија.

    Истовремено, според истите извори, се преговара и со друга компанија од Централна Европа за зголемување на бројот на композиции на возови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img