Министерот за здравство, Арбен Таравари, за пациентката која не била примена на Инфективна клиника, иако ималa Ковид, по што починала, рече дека „нема лекарска грешка, третирана е според протоколи“.
Според Таравари, пациентката на 48-години не починала поради нехоспитализирањето.
– Причината за смртта, сигурен сум дека не е реновирањето на Инфективна клиника. Се работи за случај со акутна леукемија. Тоа е сериозна болест која има обично лоша прогноза. Пациентката е третирана на Хематологија по сите протоколи. Пациентката е 47-годишна, во петта декада. И во меѓувреме е инфицирана од Сарс-Ков-2, што е нормално, го поминуваме сите, нормална инфекција. За пациентката е повикан и консултиран и инфектолог, и анестезиолог. Дадена е соодветна терапија. Треба да знаеме од што починала. Добила повторно терапија деновиве. Така што, дајте да добиеме дефинитивни податоци – рече Таравари.