Причината за автобуската несреќа не е од машинска природа, изјави вештото лица Дамјан Мирчевски

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Причината за автобуската несреќа не е од машинска природа, изјави вештото лица Дамјан Мирчевски, дел од тимот што го изготви машинското супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, кој денеска во Основниот кривичен суд Скопје беше испитуван од страна на одбраната.

Прашан дали доколку имало предхавариско кочење, тоа би оставило траги на асфалтот, тој одговори дека не би се согласил дека за да се избегне случената сообраќајна незгода, единствена можност било предхавариско кочење.

– Не сметам дека со кочење од било каков тип би била спречена сообраќајната несреќа, туку со исправен систем на управување, автобусот може соодветно да се управува – рече тој.

Прашан дали кој било од возачите на овој автобус реагирал на неисправноста на кочниците, одговори дека, како што рече „од она што го анализиравме, таков податок нема“.

Потоа вештото лице го испитуваа во врска со состојбата на патот по кој се движел автобусот како и важноста на периодичниот технички преглед.

На прашање од јавниот обвинител, „се согласувате ли со мене дека 16 дена возење на нерегистиран автобус е околност која укажува каков бил односот на превозникот кон обврските што ги има кон сообраќајот“, одговорот на вештото лице беше „ние не сме вршеле ревизија на работата на превозникот, ниту пак сме инспекциско тело кое што има овластувања да ја контролира работата на која било фирма“.

Прашања до вештото лице постави и Судот, кој праша во врска со индикаторите на контролната табла кои биле прелепени, на што вештото лице одговори дека во моментот на увид немало прелепување и посочи дека тоа е можеби резултат на долгиот временски период и променливите временски услови на кои бил изложен автобусот.

Со испитувањето на ова вешто лице заврши испитувањето на тимот што го изготви машинското супервештачење, а судењето продолжува на 4 мај со испитување на тимот кој го изготви сообраќајното супервештачење.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето и тоа сѐ уште трае.

- Advertisement -
Ad image

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 а во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

Share This Article