More

    При слетување на аеродром во Јапонија се запалил авион

    spot_img

    При слетување на аеродром во Јапонија се запалил авион, јавуваат светските агенции.

    Станува збор за авион на Japan Airlines, а несреќата се случила на аеродромот „Ханеда“ во Токио. Во авионот имало околу 400 луѓе.

    Се претпоставува дека запалениот авион можеби се судрил со авион на крајбрежната стража, објавија јапонски медиуми.  Крајбрежната стража соопшти дека ги истражува наводите. Сѐ уште не е јасно што точно се случило.

    Japan Airlines објави дека сите 367 патници и 12 членови на екипажот се евакуирани.

    „Сите патници на летот се евакуирани. Околу 367 патници се наоѓале во авионот, со уште 12 членови на екипажот – што значи дека се евакуирани вкупно 379 лица“, соопштија од Japan Airlines.

    „Ханеда“ е еден од најпрометните аеродроми во Јапонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img