При примена на дезодоранс може да се забележи еден тивок симптом на рак

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Model Released - Young Woman Using Deodorant Various,Image: 222804595, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: yes, Credit line: Martin Lee / Shutterstock Editorial / Profimedia

Еден од најчестите знаци на рак на дојка е појавата на грутки, но лекарите всушност наведуваат дека има уште неколку знаци освен промените на дојката кои би можеле да бидат показател за овој вид на рак.

Според организацијата за превенција на болести „NHS Health check“, може да забележите тивок симптом на рак на дојка додека нанесувате дезодоранс. Имено, грутка или болка во пределот на пазувите може да биде знак дека имате ваков вид на рак. Тоа е затоа што ткивото на дојката понекогаш стигнува до пределот на пазувите.

Дополнително, грутка може да значи дека ракот на дојката се проширил на лимфните јазли во пазувите. Треба да обрнете внимание и на други симптоми како сува кашлица, силни главоболки и неочекувано слабеење.

Докторката Зои Вилијамс истакнува дека раната дијагноза на ракот на дојката може да направи голема разлика, односно кога болеста се лекува во најрана фаза, шансите за преживување се над 98 проценти.

Затоа д-р Вилијамс наведува дека е важно редовно да се прави самопреглед на дојката, а поттикнува и редовни контроли во здравствените установи, каде со мамограф ќе се утврди дали имате рак на дојка. Ова е особено важно за оние чии членови на семејството исто така боледувале од рак, пишува Klix.ba.

Share This Article