More

    При чистење на Тихиот Океан беа извадени 11 тони пластика

    spot_img

    Минатата недела при чистењето на Тихиот Океан пронајдени се 11.353 килограми пластичен отпад. Овој напор се смета за едно од најголемите чистење на океаните во историјата, а кое го реализираше компанијата „Оушн клинап“ која е непрофитна организација специјализирана за чистење на океанот и располага со модерна технологија.

    Секоја година, милиони тони пластика се фрлаат во океаните или стигнуваат до реките. Ако ништо не се преземе, пластиката сè повеќе ќе ги загадува нашите екосистеми, здравје и економија.

    Основниот мотив за чистење на океанот од пластика и друг отпад е здравата еколошка средина. Чистењето на океанот се состои од две фази. Прво, пластиката се собира во различни избрани делови на океанот, а потоа се извлекува на брод за специјална намена со помош на специјална технологија.

     

     

    Покрај океанот, се чистат и речните текови бидејќи преку нив ѓубрето стигнува до океанот.

    Целта е да се намали пловечката пластика за околу 90 проценти до 2040 година.

    За чистењето на мапираниот дел на Пацификот, во текот на оваа недела, беше искористен современиот технолошки „Систем 3“.

     

    Чистењето на океанот со „Систем 3“, кој наликува на вештачка брана што го запира отпадот, е многу поисплатливо од претходните два („Систем 2“ и „Систем 1“), бидејќи машините можат да „грабнат“ многу повеќе килограми ѓубре. Затоа, цената е поприфатлива.

    – Пловечките конструкции на оваа брана можат да спречат отпад од различни димензии: од најмали пластични до големи рибарски мрежи кои веќе не се користат – велат од холандската организација „The Cleanup“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img