Банката на Англија го претстави дизајнот на банкнотите со ликот на кралот Чарлс III.
Како што наведоа, портретот на кралот ќе биде на банкнотите од пет, десет, 20 и 50 фунти, додека останатите банкноти ќе останат непроменети.
Неговата слика ќе стои на предната страна на банкнотите.
Банката на Англија објави дека очекуваат фунти со ликот на кралот Чарлс III да бидат во оптек кон средината на 2024 година.