More

    Преземени се мерките за безбедност од страна на работодавачите, констатирал трудовиот инспектор по двете несреќи во кои се повредени двајца работници од Пробиштип

    spot_img

    Преземени се мерките за безбедност од страна на работодавачите, констатирал трудовиот инспектор по двете несреќи во кои се повредени двајца работници од Пробиштип.

    Пред два дена работник е повреден во рудникот за олово и цинк во село Добрево, а вчера повреден е работник во фабриката за акумулатори во Пробиштип која се случила вчера.

    Според Државниот трудов инспекторат, во рудникот „Булимак 2016“ е повреден работникот Т. Ј. од Пробиштип кој работел на обезбедување на јамата, пренесе МИА.

    „Повредата се случила при извршување на работни активности на обезбедување на работилиштето, во моментот додека вршеле работна операција – дупчење, дошло до отцепување(одрон) на парче карпа од покривниот дел на јамата, која при падот го удира сега повредениот по телото и му нанесува потешки повреди во вид на фрактури, за што повредениот е хоспитализиран на клиника. При увидот во доставената документација, работодавачот ги има преземено мерките за безбедност согласно Законот за безбедност и здравје при работа“, се вели во соопштението од Инспекторатот.

    Во втората несреќа при работа која се случила во фабриката за акумулатори повреден е работник со иницијали А.Р. од Пробиштип кој работел со палетар.

    „Извршувајќи  ги своите работни задачи во фабриката за акумулатори ТАБ МАК ДООЕЛ од Пробиштип, тој при пренос на палета со батерии, со палетар, од една позиција на друга, движејки се наназад невнимателно со десната нога удира во друга палета која била на таа позиција и си нанесува полесна повреда(набиеница) на десно стапало“, се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img