Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај, заштита од кражби и бесправна сеча, како и поголема безбедност на децата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Во рамки на континуираните превентивни активности на МВР вчера (25.09) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Велес, Тетово и Битола, полициски службеници од овие организациони единици спроведоа превентивни активности со граѓаните на повеќе теми.
- Advertisement -
Ad image

Така, Отсекот за превенција при СВР Велес во Кавадарци заедно со полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа превентивни активности од областа на заштитата на шумите и шумскиот фонд од бесправната сеча на дрво, додека пак на подрачјето на СВР Битола, поточно во Ресен и Крушево беа спроведени активности од областите на сообраќајната безбедност под мотото – „Не користи мобилен телефон додека возиш“, а дополнително во Ресен беа организирани повеќе средби со граѓани околу превенцијата од имотни деликти, пред се кражби, измами…
Активностите во рамки на СВР Тетово, односно на територијата на општина Врапчиште, беа фокусирани на безбедноста на децата во и надвор од училиштата, при што на заедничката средба со претставници на четири основни и едно средно училиште полициските службеници ги изнесоа мерките и активностите што се потребни во контекст на блиска комуникација и соработка со училиштата, а заради благовремено дектектирање и превенирање на разни социо-девијантни појави во и надвор од училишните средини.

Share This Article