Претстојната израелска инвазија на Газа може да се претвори во 18-месечна окупација за разбивање на „крвожедните чудовишта“ на Хамас, тврдат дипломатски извори.
И израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нацијата се приближува до судбоносен момент. Нетанјаху рече дека деноноќно се прават подготовки за започнување на копнена офанзива, при што речиси 400.000 војници се подготвуваат за битка во Газа на самата граница.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека нема прекин на огнот во јужниот дел на Газа. Претходните извештаи на Ројтерс објавија дека договорот постигнат меѓу Египет, САД и Израел ќе дозволи денеска накратко да се отвори преминот Рафах за да се овозможи хуманитарна помош да стигне до Газа и да им се овозможи на некои Палестинци со двојно државјанство да може да заминат во Египет.
Видео снимките од преминот Рафах покажува многу луѓе и семејства со мали деца како чекаат, но останува нејасно дали преминот е отворен.
„Во моментов нема прекин на огнот и хуманитарна помош во Газа во замена за повлекување на странците“, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.