More

     Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за официјализирање на истрагата за импичментот на претседателот Џо Бајден

    spot_img

     Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за официјализирање на истрагата за импичментот на претседателот Џо Бајден.

    За одобрување на истрагата гласаа 221 претставник, против беа 212. Домот што е под контрола на републиканците, испитува дали Бајден имал корист од  работите во странство на неговиот 53-годишен син Хантер Бајден, неколку часа откако помладиот Бајден одбил покана за сведочење зад затворени врати.

    Републиканците исто така тврдат дека Бајден и неговото семејство имале корист од одлуките во кои Бајден постариот учествувал додека бил потпретседател на САД, од 2009 до 2017 година.

    Пред сослушувањето синоќа, во за него ретко појавување пред новинарите, тој излезе со емоционална изјава во која целата ситуација ја нарече „апсурдна“, републиканците Џемјс Комер, Џим Џордан и Џејсон Смит од надзорниот комитет на Претставничкиот дом ги окарактеризра како „манипулатори“ и „лажговци“  кои водат незаконска истрага со користење искривени факти и манипулирани докази.

    -Сакам да кажам колку што е можно појасно, татко ми не е финансиски поврзан со мојот бизнис, ниту како адвокат од пракса, ниту како член на (компанијата)  Буризма, ниту како партнер во моите бизнис врски со кинески претприемачи, ниту пак во моите инвестиции во САД или во странство. Во текот на мојата борба со зависноста имав голема поддршка од моите родители… И во длабочините на мојата зависност бев невнимателен со финансиите, но да се сугерира дека тоа е основа за импичмент е повеќе од апсурдно, тоа е бесрамно – рече синот на Бајден.

    Додаде дека „нема докази во полза на обвинувањата дека татко ми е финансиски вмешан во мојот бизнис, бидејќи тоа не се случило“.

    Хантер Бајден посочи дека „ја сум овде, не се кријам“, и побара сослушувањето да биде јавно, наспроти претседавачот Коми кој свика сведочење затворено за јавноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img