More

    Претставена скратената процедура за поставување фотонапонски елеменети

    spot_img

    Ако досега за процедура за поставување фотоволтаици се чекало по 30 дена, за да се изготви едно вакво решение од страна на локалните самоуправи, денеска за тоа е потребно само еден ден, преку информирање на општината со доставување на скратена процедура на скратен основен проект за поставување на ваков тип на објекти – информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при днешната посета на општина Берово.

    Министерот Бочварски и градоначалникот на Берово Звонко Пекевски пред граѓаните ги претставија поедноставените постапки за поставување фотонапонски електроцентрали, по неодамнешните измени на Законот за градење.

    – Ова е начинот како ќе помогнеме на граѓаните во оваа енергетска криза и ова е навистина придобивка за сите и заради тоа сме овде и ќе бидеме на терен и во другите општини што е можно повеќе да го презентираме овој модел за оваа постапка за да граѓаните во поголем обем да почнат со поставување на фотоволтаици. Уште еден аспект е аспектот на загадувањето дека ова е најеколошки исправен начин на производство на електрична енергија и верувам дека ќе биде од корист на сите – рече Бочварски.

    Постапката се однесува за поставување на фотонапонски електроцентрали на покрив на објектите за физички и на правни лица, за физички лица или домаќинства до 6 kw поставувањето е без никакви одобренија и за правни лица до 40 kw, со што, според министерот, се решава ова прашање на најбрз можен начин за граѓаните во текот на оваа зима да можат да инсталираат вакви објекти на своите покриви.

    – Верувам дека имаме голема заинтересираност од граѓаните, имаме неколку барања до општинската администрација, со временски период и јасно утврдени насоки и временскиот рок и роковите кои што треба да бидат процесуирани и начинот на кој би добиле одобрение за градбаи истите да отпочнат со сопствените инвестиции. Верувам дека тоа ќе биде од огромна полза за информираноста во пресрет на енергетската криза со која се соочуваме – рече градоначалникот Пекевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img