Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 17 март 2024 година, одлучи Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент.
„Оваа одлука ја започнува претседателската кампања“ во Русија, изјави претседателката на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко.
Таа додаде дека изборите ќе бидат важен момент за „повторно обединување“ на украинските региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, за кои Русија тврди дека ги анектирала.
Претседателските избори ќе се одржат веднаш по втората годишнина од почетокот на руската офанзива против Украина, започната во февруари 2022 година.