Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се чини дека отстапува од претходната посветеност да учествува во септемвриската претседателска дебата против американската потпретседател Камала Харис.
Тој почна да ја преиспитува таа средба и рече дека „најверојатно ќе учествува на дебатата, но има и аргументи зошто не треба“. Нејзиниот тим за кампањата тврди дека Трамп бил „исплашен“.
Во интервју за Фокс Њуз, Трамп неколку пати беше прашан дали ќе учествува на дебата со Камала Харис. Републиканскиот претседателски кандидат изјави дека бил подготвен да дебатира со претседателот Џо Бајден кога тој бил кандидат на Демократската партија.
Но, откако Бајден излезе од трката и Харис стана веројатниот претседателски кандидат, Трамп почна да ги преиспитува условите на дебатата за која претходно се договорил со Бајден. Републиканецот сега предлага да се префрли дебатата од Еј-Би-Си на друг канал, нарекувајќи ја „кујна за лажни вести“.
Во разговор со новинарите минатата недела, Трамп одговори „Да, апсолутно, сакам“, и додаде дека има обврска да учествува во дебатата.
Во интервјуто во понеделникот, водителката на Фокс Њуз, Лора Инграм се обиде да го „притисне“ Трамп да одговори на нејзиното прашање дали ќе се посвети на учество во дебатата.
– Сакам да дебатираме. Но, можам да го кажам и следново: Сите знаат кој сум јас, а сега луѓето знаат која е таа“, пред конечно да кажам: „Одговорот на прашањето е ДА, веројатно ќе завршам на дебатата… Но би можел и да изнесувам аргументи зошто не би го направил тоа“.
Портпаролот на кампањата на Камала Харис, Амар Муса го обвини Трамп дека продолжува да го избегнува дуелот.
– Од неговите одговори во интервјуто е јасно – тој се плаши дека во дебата со потпретседателот на САД ќе мора да ги брани своите напади врз жените или дека повикал да се прекинат изборите во Америка – вели Муса.
На Фокс Њуз, Трамп се обиде да ја разјасни неодамнешната изјава – кога им рече на христијаните во публиката на конзервативен настан дека „нема да мора повеќе да гласаат“ доколку тој биде избран.
Тој ги повика да гласаат за него и додаде дека „за четири години ќе среди сѐ и се ќе биде толку добро што повеќе нема да мора да гласаат“. Тој коментар наиде на критики од демократите и многу други, кои веруваат дека Трамп го користи јазикот на авторитарните лидери.
Кампањата и поддржувачите на Трамп даваат различни објаснувања за тој коментар, а тој зборуваше за тоа и на Фокс Њуз.
– Не гласаат, така им кажав. Никогаш не гласаат. Овојпат треба да го направат тоа, затоа што ќе ја направат земјата подобра и нема да мора повеќе да гласаат, нема да ми требаат нивните гласови – објасни Трамп.
Водителот го праша дали тоа значи дека „христијаните нема да мора да гласаат за него бидејќи тој ќе биде на функција само четири години“. Трамп почна да зборува за други теми, а потоа рече:
– Не грижете се за иднината. Само гласајте на 5 ноември. После тоа, нема да мора повеќе да гласате. Земјата ќе биде подобра и нема да ни требаат вашите гласови затоа што, искрено, ќе ја имаме вашата љубов. Ако не сакате повеќе да гласате, не морате, тоа е во ред – рече Трамп